Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три театарски проекти ќе бидат финасирани од Министерството за култура во новата сезона на НУЦК "Трајко Прокопиев„. Во театарот веќе започнале подготовките на првата претстава.
Министерството ни одобри 3 проекти, а ние конкуриравме со 4. Ќе се потрудиме да ги реализраме според програмата и се надевам дека публиката ќе биде задоволна и оваа сезона - вели Наташа Крстевска, директорка на тетарот.
Подговотвките за претставата се во тек, а течат и договорите со актерите околу адаптацијата на тексот.
Оваа претстава ја работиме по текст на српски автор кој ја обработува состојбата и проблемите на луѓето од транзиционите општества, односно Балканот. Преку трите машки лика е прикажан животот на луѓето, во овие тешки социо-економски услови, каде се губат моралните и човечки квалитети - изјави режисерот Петрески.
Репертоаорот на театaрот оваа година ќе биде во знак на комедиите.
Спред програмата се планира да се подготви и детска претства. Ќе ја реализира со сопствени средства. Истотака планирано е гостување на фестивалите во Македонија, а со проектот „Печалбари“ театарот ќе настапи на меѓународен фестивал во Лондон.