×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Годишна изложба на Друштво на ликовни уметници Кавадарци

    20.01.2016 10:24 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена годишната изложба на Друштво на ликовни уметници Кавадарци.

    Годишна изложба на Друштво на ликовни уметници Кавадарци

    Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. Гостувањето во Куманово на Годишната изложба на ДЛУК доаѓа веднаш по кавадаречкото издание, па така пред кумановската јавност со свои дела во различни техники и материјал ќе се претстават дваесетина ликовни уметници: Ќиро Јосифов, Владимир Темков, Димитар Самарџиев, Горан Боев, Горан Ѓорев, Ѓорѓи Дичов, Марија Дичова, Ванчо Кеков, Ива Јосифова, Ристо Соколов Сокол, Трајче Јованов, Стефанија Стојановска, Цветанка Темкова Илова, Иван Јовчев Ковацалиев, Симона Манчева, Томе Филов, Петар Наневски, Елпида Хаџи – Василева, Никола Ивановски и Лазар Дојчинов. Годишната изложба е посветена на еден од најдобрите кавадаречки и македонски ликовни уметници, прерано заминатиот Ристо Соколов Сокол, инаку еден од основачите и долгогодишен претседател на ДЛУК.

    Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) речиси 40 години опстојува на македонската ликовна сцена. Една од најстарите ликовни асоцијации во Македонија по ДЛУМ, настаната како логично продолжување на неформалната ликовна група „Млади ластари“, чии членови и го формираат ДЛУК.

    Во ДЛУК членуваат академски ликовни уметници од Кавадарци и Тиквешијата, а низ текот на годините успешно постоење успеа да се наметне како релевантен во својата дејност не само во Кавадарци. Освен на групни изложби во Кавадарци, уметничките дела на кавадаречките уметници  се претставени и во повеќе европски земји како Франција, Словенија и други. Членови на ДЛУК се познати и етаблирани ликовни уметници кои се во врвот на македонската ликовна сцена и кои денес изложуваат дела низ целиот свет.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 4 февруари годинава.