×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем дефект на водоводната мрежа на „Илинденска“

    27.11.2019 09:28 | KumanovoNews

    Екипа на ЈП „Водовод“ од вчера работат на отстранување на дефектот на водоводната мрежа на ул. „Илинденска“, во центарот на Куманово.

    Голем дефект на водоводната мрежа на „Илинденска“

    Според информации од работниците се работи за пукната цевка, која вчера не можеле веднаш да ја лоцираат, па направиле поголемо ископување на асфалтот. Работите на отстранување на дефектот траеа до доцна во ноќта, а продолжија и утринава.

    Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски, вели дека дека водоснабдувањето ќе се нормализира до 14 часот.

    Исклучувањето на водата во централното градско подрачје го искористивме за да извршиме замена на сите вентили и шибери на водоводната мрежа на околните улици, - додава Стојковски .

    Без вода се потрошувачите на улиците Народна Револуција, Тане Георгиевски, Никола Спасиќ, Кирил и Методиј и дел од Плоштадот.