Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 300 дечиња учествуваа годинава на Бадниковата поворка, која се одржа по осми пат во Куманово.
Распеаните бадникарчиња тргна од соборниот храм „Св. Никола“, прошета низ централното градско подрачје и се собраа пред Бадниковата пештера на Градскиот плоштад. Организаторите на манифестацијата поделија околу 300 пакетчиња на дечињата.
„Многу сме среќни што песничката „Вечниот Бог“ ечеше низ кумановските улици. Дечињата не престануваат секоја година да не изненадуваат и благодариме на сите за присутвото. Си поминавме преубаво денеска“, изјави Ана Денковиќ Антевска,една од организаторките на настанот.
Организаторите на Бадниковата поворка сами ги изработиле витлеемските ѕвездички и бадниковите колачиња, со помош на поблиското семејство и родителите.
„Мислам дека оваа година сме најбројни и апелирам од следната година уште побројни, поздрави и повесели. Се заблагодарувам на сите граѓани што беа дел од ова Бадникова поворка“, истакна Сања Георгиевска, соработничка на органзацијата на поворките.