Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Толи Зордумис“ денеска се одржува општинскиот сообраќаен натпреварот “Детски семафор“, на кој се натпреваруваат ученици од 12 училишта од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Натпреварот се состои од два дела. Учениците прво решаваат тестови, а потоа ќе следи натпревар во вешто возење велосипед.
Ова е манифестација која се одржува повеќе од 50 години. За поздравување е тоа што секоја година имаме се поголем број на ученици, односно учесници кои што порано не учествувале, особено од регионот на Липково и општина Старо Нагоричане и се надевам дека ќе постигнеме договор регионалниот натпревар да биде на подрачје на општина Липково. Покрај тоа што има натпреварувачки карактер натпреварот, има и дружење“- изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Најдобрите три екипи од општинскиот натпревар на 29 април ќе учествуваат на регионален натпревар, за кој локацијата на одржување допрва ќе се утврдува, а најдобрата екипа од регионалниот, на 31 мај ќе учествува на државен натпревар во Скопје.
“Од “Крсте Мисирков“ има 6 ученика, мала и голема група. Традиционално секоја година земаме учество на “Детски семафор“. Сме имале трето, второ и први места. Се подготвуваа децата, иако временските услови не дозволуваа многу. Теоретскиот дел го учевме секој ден“- рече Јасминка Бошковска, наставник по техничко образование во “Крсте Мисирков“.
Натпреварот “Детски семафор“ го организираат отсекот за превенција од СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.