×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за вакцинирање против сезонски грип во Куманово

    20.11.2019 12:52 | KumanovoNews

    Околу 150 граѓани примеле вакцина против сезонски грип откако започна вакцинацијата.

    Голем интерес за вакцинирање против сезонски грип во Куманово

    Од Центарот за јавно здравје во Куманово велат дека вчера дошле близу 100 граѓани, а денеска поради дождливото време нивниот број е помал, но сепак интересот е голем.

    „Како и секоја година најголем е интересот на граѓаните од ризичните групи и повозрасните над 65 години. Оние што имаат навика редовно си доаѓаат и примаат вакцина“, - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

    Оваа година Центарот набави 2000 дози на вакцини против сезонски грип. Вакцината е четиритипна и штити од четири типа на вирус, чини 650 денари.

    Лекарите препорачуваат освен ризичните групи, а тоа се лица постари од 65 години, хронично болни, мали деца до пет години, здравствените работници, да се вакцинираат и на лицата кои се во контакт со многу лица.

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово од петок ќе започне и вакцинацијата со бесплатни вакцини, за пациентите коишто ќе добијат упат и термин од матичен лекар. За таа намена обезбедни се 1000 вакцини.