×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Големи oгномети на повеќе локации ноќеска ги вознемирија кумановци

    23.07.2024 18:27 | KumanovoNews

    Ноќеска граѓаните на Куманово беа вознемирени од голем, синхронизиран огномет од повеќе локации во градот. Тој започна токму на полноќ, траеше неколку минути, а беше проследен со силни пукотници.

     

    Големи oгномети на повеќе локации ноќеска ги вознемирија кумановци

    Според голем број на очевидци ракетите биле испукувани од повеќе локации во Куманово, на неколку места на Спомен Костурницата, Октомвриска револуција, кај Жмара, населбите Зелен рид и Перо Чичо, Трговски центар итн.  До полицијата стигнале само три пријави во текот на ноќта.

    „На 23 јули во период од 00.00 до 00.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на три локации во Куманово имало огномети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од СВР Куманово.

    Дел од граѓаните кажуваат дека силните детонации ги разбудиле од првиот сон, и ги вознемириле, и сметаат дека не може да пука на кој ќе му текне. Ненадејните силни звуци негативно влијаат на бебињата, старите, болни и изнемоштени лица и домашните миленици, па затоа бараат надлежните да го најдат сторителот и соодветно да реагираат.

    „Тоа е нарушување на јавниот ред и мир и неовластено ракување со пиротехнички средства. Мора да има санкции, не може кој сака, кога сака и колку сака да употребува петарди и ракети“, реагира пензионерката Н.С. која живее во центарот на градот.

    Во Куманово постојано да се пука со разновидни пиротехнички средства, а особено во летниот период. За време на свадбените веселби се користи и оружје, па граѓаните се загрижени за својата безбедност, и бараат да се искорени оваа појава.