Мени

Голема Богородица e неработен ден за православните верници

26.08.2013 07:51 | KumanovoNews

Оваа среда се празнува Голема Богородица и по тој повод на православните верници им следува неработен ден.

Голема Богородица e неработен ден за православните верници

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот  за празниците на Република Македонија, 28 Август 2013 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православна вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед им го честита празникот.