Голема полициска акција во Куманово
22.05.2013 20:52
| KumanovoNews
Полицијата вечерва спроведува голема акција за апсење на членовите на една од најпознатите групи од криминалното подземје позната како „Кумановска група“.

Во акцијата биле уапсени 8 лица, а полицијата вршела претреси во Куманово и Скопје.
Според информации на порталот Press 24 осомничените краделе податоци од платежни картички, кои ги користеле за купување во странство и дома. Во кражбите настрадале 10 лица.