×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Големи пожари во Облавце, Белаковце, Стрезовце и Ругинце, евакуирани жители на десетина куќи

    27.07.2025 09:41 | KumanovoNews

    Големи пожари беснеат на територијата на селата Облавце, Белаковце и Стрезовце. Синоќа имало опасност огнот да зафати 10-тини куќи, поради што биле евакуирани жителите.

    Големи пожари во Облавце, Белаковце, Стрезовце и Ругинце, евакуирани жители на десетина куќи

    „Во 21:42 часот добивме известување дека  во селата Облавце, Бељаковце и Стрезовце има опасност пожарот да зафати 10-тини куќи, поради што полициски службеници заедно со пожарникарите почна да ги евакуират луѓето од куќите“, велат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

    Пожар вчера од 17:16 до 18:30 часот имало и во Бедиње, поточно кај бензинска пумпа Алија Комерц, на Никола Тесла од 21:18 до 21:58 часот, во Тромеѓа од 21:25 до 22:30 часот, во Табановце од 12:55 до 19:55 часот, во кривопланечкото село Нерав  од 14:18 часот и уште е активен. Утринава во 03:30 часот изгорела бандера на ЕВН во Доброшане.

    Пожарот во с.Ругинце општина Старо Нагоричане кој избувна вчера во 12:46 часот уште е активен, екипи од ТППЕ Старо Нагоричане и  Куманово се на терен.