Голи жици на тротоар
14.07.2014 09:22
| KumanovoNews
Скинат кабел, кој излегува од столб за електрично осветлување, со денови лежи на тротоар на улицата „Тане Георгиевски„, спроти зградата на Комитет.

Оголени жици од кабелот се сред тротоар, а никој не знае дали во нив поминува електрична енергија или е исклучена. Граѓаните ја прескокнуваат жиците плашејќи се да не ги удри струја и чекаат надлежните да го стават кабелот таму каде што му е место.