×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гордана Николиќ: Конечно го победив коронавирусот

    06.05.2020 09:06 | KumanovoNews

    Анестезиологот Гордана Николиќ, која пред месец ипол се зарази од коронавирус на работното место, вчера го добила вториот негативен тест и со тоа по 44 дена е излекувана.

    Гордана Николиќ: Конечно го победив коронавирусот

    Убавата вест таа ја подели на нејзината фејзбук страница, каде што за цело време додека беше во болница и самоизолација апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, а истовремено се бореше и за правата на здравствените работници кои беа во иста состојба со неа.

    „Сега ќе можам да излезам слободно да подишам чист воздух, затоа што не може на тераса да се пешачи, а е потребно за комплетно заздравување на белите дробови. Се исклучувам, одам малку во реалноста. Мојата КОВИД-19 приказна заврши драги мои фб пријатели. Ех, да можев да одам на патување од 44 дена, опишувајќи ви места, градови, зајдисонца, планини, реки, езера , мориња....а јас пишував за мојата долга борба со вирусот, борба со стравот од вирусот, за неговите симптоми, за мојата емоционална реакција на болеста. Но, животот не е секогаш како во приказните. Пишував со цел, да добиете информации директно од некој кој заболел. Ниту на другите "среќници" што беа со лесни симптоми, не им беше лесно верувајте, исто го чувствуваа стравот, контактирав редовно со многу заболени. Можеби ние здравствените работници и повеќе се плашевме, затоа што знаеме нешто повеќе за вирусот, - напиша докторка Николиќ.

    Таа упати благодарност до сите лекари , сестри и останати здравствени работници кои и помогнале во борбата.

    Благодарност до сите мои роднини, пријатели од реалностa кои ми праќаа храна и цвеќиња, на сите фб пријатели кои ме храбреа, а голем дел не ги познавам лично. Благодарам до моето пошироко семејство и особено на потесното, на сестра ми која го понесе најголемиот товар и на син ми кој ми беше и најсилниот мотив да се изборам во оваа битка. И како беше, здравиот човек има илјада желби, болниот само една, да оздрави. Чувајте се, - додава Николиќ

    Кај докторката беше откриено дека е позитивна на корнавирус на 23 март. Таа првиот негативен брис го добила на 3 мај, а вториот вчера. Во меѓувреме, на сите тестови на КОВИД-19 била позитивна, заради што нејзиното лекување траеше подолго.

    (С.Н.)