Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатото деноноќие гореа запалени стрништа и сува трева во селата Речица и Романовце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Територијалната противпожарна единица Куманово бележи три интервенции во селото Речица. Најголемиот пожар е гаснет од 20.25 до 21.20 часот на опожарено стрниште и сува трева, при што изгорела површина од 3,6 хектари. Во истото село имало пожар и од 14.30 до 14.55 часот и од 15.20 до 15.55 часот на опожарено стрниште и сува трева.
Интервенција од 18.20 до 20.15 часот имало запалено сува трева и стрниште во село Романовце.