Гореше нива со жито, лозја и нискостеблеста шума во Клечовце и Довезенце
Голем пожар вчера напладне избувнал во атарот на селата Клечовце и Довезенце.

Притоа биле зафатени површини со жито, лозја и нискостеблеста шума. Пожарот го гаснеле екипи на Противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане повеќе од 4 часа.
„Во 14. 41 часот било пријавено дека во селата Клечовце и Довезенце, кумановско, настанал пожар, при што била зафатена нива со жито. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово, при што било утврдено дека пожарот е на приватен имот, сопственост на С.А, М.В. и М.Ц.. а биле зафатени повеќе лозови садници, житна култура и нискостеблеста шума“, соопшти МВР.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), соопштија дека интервенцијата на ТППЕ Куманово на запалена сува трева, жито и лојза во атарот на селата Клечовце и Довезенце траела од 14,40 до 20,30 часот со 1 возило 5 пожарникари, додека ТППЕ Старо Нагоричане било на испомош од 15.20 до 20.20 часот со 1 возило и двајца пожарникари.