Гореше автомобил во населбата Перо Чичо
11.01.2016 11:16
| KumanovoNews
Во населбата Перо Чичо во текот на вчерашниот ден гореше автомобил.

Територијалната противпожарна единица Куманово го гаснела автомобилот од 12.22 до 12.45 часот, на улицата „ Благоје Думановски“ со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари. Причината за појава на пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.