Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голем шумски пожар вчера зафати борова шума во липковските села Слупчане и Матејче.
Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарот бил локализиран во 4.30 часот.
Пожарот бил предизвикан од запалена сува трева и нискостеблеста и борова шума на површина од 3000 метри квадратни, а потоа се проширил на поголема површина. Се претпоставува дека изгореле 20-сетина хектари шума.
Огнот пламнал во претпладневните часови по што околу пладне бил изгаснат, но попладне пак активиран.
Поради непристапноста на терен и брзината на ширење на пожарот предизвикан од опожарена борова шума, пожарникарите со помош на вработени во ЈП ”Македонски шуми”, успеале да го санираат во утринските часови.