×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поевтинуваат за половина и 1,5 денари за литар

    12.08.2024 15:00 | KumanovoNews

    Малопродажните цени на еуросупер БС-98 и на еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат  за 1,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

    Горивата поевтинуваат за половина и 1,5 денари за литар

    Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,5 денари за литар,  еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,5, Еуродизел (Д-Е V) за 71, а  екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,688 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,748 денари.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,531 отсто, кај дизелот за 2,143 и кај екстра лесното масло за 0,449 отсто, а кај мазутот има зголемување за 3,07 отсто.