Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спортската сала во средното училиште „Перо Наков„ е во завршна фаза, а нејзиното пуштање во употреба е најавено на 10 ноември во рамките на одбележување на празникот на градот.
Салата се градеше точно една година на поставените стролбови од пред 3 децении со финасиски средства од Локалната самоупрва Куманово.
Оваа е капитален објект не само за нашето училиште туку и воопшто за градот. Горди сме што по 30 години се изгради овој модерен спортски објект во кој ќе може да спортуваат учениците, младите и спортските клубови и останатите граѓани кои го негуваат спортскиот дух. По тој повод ги поканувам граѓаните, заеднички свечено да го прославиме финализирањето на проектот - вели Момчило Антевски директор на Средното училиште „Перо Наков„.
Салата располага со 1300 метри квадратни професионални терени за мали спортови за кошарка, фудбал, одбојка и пинк-понк. Опремена е со најсовремена опрема по меѓународни стандарди и трибини за околу 320 гледачи. Во состав на спортската сала се наоѓаат соблекувални и тоалети на кои моментално се работи на изградба и доопремување. За хортикултурното уредување со садници и зеленило за просторот околу објектот се погрижи Јавното претпријатие Чистота и зеленило.