Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад денеска вработените и децата од градинката „Ангел Шајче“ поставија неколку еко штандови.
Од стари пластични шишиња и рециклиран материјал тие направија украси, играчки, изработија фрлаери, напишаа еко пораки со кои апелираат граѓаните да ја чуваат животната средина.
По повод детската недела пораката е да се грижиме за природата бидејќи таа е една. Ако не се грижиме доволно, не ќе можеме нормално да функционираме. Оваа година саемот го организираме поради интересот на децата и интересот на граѓаните. Лани имавме еко саем како дел од проектот “Постапувам ли одговорно“. Родителите ќе донираат средства за играчките, ќе ги однесат во својот дом и таму ќе се грижат за нив. Како што се грижат за нив, така треба да се грижат за планетата - изјави Билјана Чунгурски, воспитувач координатор во градинка „Ангел Шајче“.
Оваа година еко саемот е поддржан од секторот за животна средина при Општина Куманово и од странски донатор.