×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните кои нема да се пререгистрираат во ФЗО ќе плаќаат преглед

    26.03.2014 12:58 | KumanovoNews

    Невработените лица што нема да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осигурување до 1 април ќе ги плаќаат прегледите кај матичните лекари.

    Граѓаните кои нема да се пререгистрираат во ФЗО ќе плаќаат преглед

    Поради тоа лекарите ги повикуваат своите пациенти кои не ја завршиле оваа законска обврска тоа да го сторат во предвидениот рок за да не се соочуваат со непријатности кога ќе дојдат во ординациите.

     Ги повикуваме сите осигурани граѓани преку Агенција за вработување да се пререгистрираат во ФЗО подрачна единица Куманово. Пререгистрацијата трае до 31 март годинава, а доколку истата не ја заврши тогаш здравственото осигурување ќе им биде прекинато. Голем процент од невработените сеуште не се пререгистрирале и нив им остануваат уште 4 работни дена да си ја завршат обврската - изјави Фатмир Асани, претседател на матични лекари Куманово.

    Асани вели дека пациентите кои ќе останат без осигурување ќе плаќаат по 200 денари за преглед кај матичниот лекар,а ќе мора да ги купуваат и лековите.