×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните на “Вараждинска“ не го даваат зеленилото

    04.09.2013 13:56 | KumanovoNews

     Граѓаните кои живеат на улица “Вараждинска“,  бараат од локалната самоуправа да ја повлече одлуката за изградба на стамбени објекти на зелената површина во близина на нивните куќи.

    Граѓаните на “Вараждинска“ не го даваат зеленилото

    Тие потпишале петиција во која бараат зелениниот појас, кој се наоѓа спроти бензинската пумпа на Макпетрол во Проевце, да не се уништува на сметка на нови станбени згради.

    Граѓаните денеска протестираа, откако дознале дека со одлука на Совет на спомената локација ќе се градат три станбени згради.

    Ова зеленило е потребно за да диши населбата. Ако можело да се гради овдека уште во првиот Урбанистички план во кој сум учествувал и јас ќе ги нацртале станбените згради кои сега ги предвидуваат. Ова зеленило тука е триесет години. Широчината е многу мала на зеленилото од 8 до 20 метри кај што е најшироко. Кај ќе се стави тука зграда. -  се прашува револтирано Ѓорѓи Бојковски.

    Жителите на “Вараждинска„ бараат општината да ја повлече одлуката или во спротивно ќе организираат помасовни протести доколку се исечат дрвјата.

    Раководител на сектор за урбанизам во Општина Куманово Лидија Ланг, вели дека на споменатата локација се дадени маркички за изградба на две куќи, а не за згради.

     Во тек е постапка за изготвување на Детален урбанистички план за дел од УЕ Гоце Делчев, дел од урбан блок 32 Куманово. Вчера заврши рокот за добивање на приговори по извршена јавна презентација и јавна анкета. Од страна на одредена група на граѓани до сектор за урбанизам е пристигнат приговор со петиција. Се надевам дека во најкраток рок ќе биде разгледан од комисија формирана од страна на градоначалникот. По истиот приговор ќе се постапи. Доколку биде прифатен приговорот ќе биде процесуиран и ќе бидат известени граѓаните - објаснува Ланг.

    Таа додава дека Деталниот урбанистички план е изготвен согласно Генерален урбанистички план и дека планерот ги запазил сите норми на урбаното живеење и дека нема никаква повреда на законот, а немало ни прекршувања на законот во однос на пренамена на простор.