Граѓаните се подготвуваат за Бадник и Божиќ
Граѓаните купуваат костени, мандарини, јаболка, риби и сè друго што е потребно за прославата на Бадник и Божиќ.

На пазар костените се продаваат од 80 до 100 денари по килограм, мандарините се 40 денари, јаболката се 25 денари, лимонот 60 денари, смоквите исто 60 денари, киви од 40 до 60 денари.
Луѓето немаат пари, но гледаат од сè по малку да купат. Кој како има пари. Некои купуваат половина килограм костени, некои само 300 грама, некои по два килограми. Јас мислам дека цената на костените ќе остане иста, затоа што има многу костени оваа година“-рече Гордана Демировиќ, трговец.
Празничната трпеза не може да се замисли без риба. Од рибарниците велат дека кумановци најмногу купуваат ослиќ, пастрмка и скуша.
Купуваат од 1 до 3 килограми, мала количина бидејќи сепак не се работи за слава. Утре ќе има уште поголема навалица. Ослиќ, пастрмка и скуша се риби кои најмногу се трошат“-велат од рибарница.
Ослиќот чини од 130 до 145 денари по килограм, пастрмка 290 денари и скуша 125 денари.