×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните се поклонија на Карпош

    07.02.2013 14:49 | KumanovoNews

     Денеска беше одбележана годишнината од загинувањето на Христија Тодоровски Карпош.  Пред Спомен куќата на народниот херој свежо цвеќе положија делегации на борци, локалната самоуправа, Советот, АРМ, политички партии, невладини организации и граѓани.

    Граѓаните се поклонија на Карпош

    За историската улога и делото на Карпош говореше неговиот внук од брат Владимир Тодоровски.

    Карпош е роден во 1921 година во Куманово во земјоделско семејство, во оваа куќа. Уште како млад тој пројавуваше немирен дух поготово во средно училиште. Се приклучи на движењето за излегување на партизанските одреди. Беше учесник на одредот кој беше разбиен на 17 октомври 1941 во Малотино. Бугарите спроведувале репресија кон младинците, напредните младинци во градот. Тој заминува во Јужноморавскиот одред, се приклучува во борба од 1942 година и останува до 1943 година. Тој таму војуваше, стекнуваше воено искуство, но го копкаше мислата зошто во Куманово сеуште нема отпор против бугарската фашистичка власт. Во една таква акција на Јужноморавскиот одред тој се одвојува, се враќа во Куманово, но бидејќи ненајавено заминал тие го прогласуваат за дезертер и бил осуден на смрт. Се враќа во Куманово, формира група која излегува од Бедиње, и со уште тројца другари повторно се враќа во Јужноморавскиот одред. Продолжува да војуваат со Јужноморавскиот партизански одред се до 2 август 1943 година кога го формирал првиот кумановски партизански одред. На 1 декември 1943 година се формира батаљонот “Јордан Николов - Орце“ и за командант е избран Христијан Тодоровски - Карпош - изјави Тодоровски.

    Тодоровски вели дека одредот брзо се зголемил, бидејќи месното население од козјачкиот крај му дало поддршка на Карпош. На Дренак имале борба против бугарскиот одред, а потоа следела битката на Пелинце и во двата случаја одредот на Карпош извојувал победа. На 7 февруари било решено да се нападне полициската станица во Биљача. Карпош бил против, бидејќи немале разработена тактика. Во оваа борба Карпош загинал. Во меморијата на кумановци и во историјата на македонскиот народ Карпош ќе биде забележан како важна историска личност, кој е прогласен за народен херој во СФРЈ.