Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните, кои денеска учествуваа во акцијата за укажаување на прва помош на повредени во симулирана сообраќајна несреќа добро се снајдоа.
Одделението за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинска организација на Црвен крст, денеска напладне на улицата до Градскиот плоштад спроведе контрола на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите и пешаците. Целта да се утврди колку тие ги познаваат правилата за укажување на прва помош на повредени во сообраќајна незгода.
Акцијата се реализираше на улицата "Гоце Делчев", а граѓаните кои се затекоа на местото го покажаа своето познавање од областа на прва помош на симулирани повреди кои изведуваа активисти на Црвениот крст.
" Граѓаните кои учествуваа во акцијата покажаа солидно знаење и познавање на правилата при пружање на прва помош.Акцијата имаше за цел да ја подигне сообраќајната култура на учесниците во собраќајот и да се подигне безбедноста во сообраќајот. Пружањето и укажување на навремена помош е законска, пред се морална обврска на секој човек и затоа граѓаните треба да помогнат, а не да бегаат"- вели Виолета Богдановска, началник на одделението за превенција од СВР Куманово.
Граѓаните кои покажаа солидно познавање добија симболични награди, а за останатите следуваше покана за посетување на бесплатен курс по прва помош што се организира во Црвениот крст.
Во Куманово, според податоците се случуваат над 500 сообраќајни несреќи,а во 300 од нив има повредени лица.