Градоначалничко оро
08.01.2010 10:42
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски од СДСМ и на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ од ДПСМ заиграа оро на плоштадот во Куманово.

Политичките опоненти ги обедини прославата на Бадник организирана од Здружението на граѓани "Коледари". По христијанските обичаи Божиќ е празник кога сите си простуваат и се сплотуваат во мир, радост и заедништво. Така и градоначалниците успејаа да ги надминат разликите и да заиграа во заедничко оро покажувајќи дека и политичарите се само луѓе кои знаат да се радуваат на празниците.