Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе бидат наградени компаниите, кои добија најголема подршка од граѓаните на анкетата што ја спроведе Општината Куманово.
Плакетите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот Зоран Дамјановски, а истовремено ќе биде промовиран каталогот „Топ 101 компанија во градот.„.
На изборот „Најуспешна компанија за 2012 година„, победи фирмата за преработка на месо и месни производи “Екстра меин“, втори се “Мега“ и трети високообразовната установа “Еуро колеџ“. На коктелот се поканети сите фирми кои учествуваа во натпреварувањето.
Изборот „Најуспешна компанија за 2012 година„ беше спроведена по електронски пат на крајот на минатат година. Ваков избор се организира за првпат во Куманово, но организаторите најавуваат дека ќе стане традиционална.