×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот даде отчет за двегодишното работење

    26.11.2019 14:38 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, задоволен е од реализацијата на проектите во изминатите две години од неговото владеење, но вели дека се' уште недостасуваат капиталните проекти, меѓу кои и во делот на водоснабдувањето како и решавањето на градската депонија.

    Градоначалникот даде отчет за двегодишното работење

    Меѓу проектите со кои се пофали градоначалникот е новата катна гаража, заштитните столбчиња на тротоарите, новиот паркинг простор, современото осветлување, новиот хируршки центар, реконструкцијата на повеќе училишта, изградба на спортска сала, враќањето во владение на спортскиот комплес „Соколана“, изградба и реконструкција на повеќе патишта, улици, реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, културни, спортски манифестации и преработка на песнa.

    За изминатите 24 месеци Општината од сопствениот буџет асфалтирала 19 улици со вкупна површина од 51.550 метри квадратни, тампонирани се улици и патишта во повеќе населби и села со површина од 27.674 метри квадратни, поставен е бекатон на 9.632 метри квадратни, а започната е и изградбата на првиот кружен тек на влезот во Куманово, кај крстосницата на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „11 Октомври“, обновени се и тротоарите на повеќе улици, а воедно направена е фекална и атмосферска канализација на површина од 9.746 метри квадратни.

    Владата обезбеди финансиски средства за враќање на дел од долговите на општината во висина од  117 милиони денари, потоа за реконструкција на патиштата во градот и регионот и уредување на индустриската зона во Речица.

    „Барам разбирање од граѓаните бидејќи знам дека секаде има голем број на комунални проблеми. Општина Куманово е најголемата општина во државата со најголеми комунални проблеми, од сите аспекти. Барам разбирање и трпение, ние работиме напорно и сакаме да го трансформираме Куманово, да добие еден современ модерен и урбан лик и да наликува на еден проевропски град“, - истакна Димитриевски.

    Отчетот на градоначалникот траеше 45 минути и директно се пренесуваше на локална телевизија, а за оние кои не можеа да го следат во живо отпечатен е весник со реализираните проекти на градоначалникот и локалната администрација.