Градоначалникот Јовановиќ со амбиции за уште еден мандат
20.12.2012 09:39
| KumanovoNews
Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ очекува подршка за уште еден мандат. Тој смета дека направил многу за општината, но конечната одлука ќе ја донесе раководството на партијата.

Договорите веќе се во тек, тоа е се во рамки на коалиционите договори. Моите амбиции за втор мандат во Старо Нагоричане се отворени. Доста вложив и доста работев за афирмација на Општина Старо Нагоричане. Меѓутоа се договара на повисоко ниво, и секоја одлука на повисоките органи ќе биде почитувана од членовите на партијата - рече Јовановиќ.
Јовановиќ на чело на општината е еден мандат.