Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црквата Св. „Архангел Гаврил„ во населбата Карпош денеска го слави патронит празник, а кум на прославата е градоначалникот Зоран Дамјановски.
Црквата се гради веќе десет години и сега е во фаза на карабина, за две години треба да го добие крајниот изглед и да се освети. Во последниве 105 години во градот не е изградена нова црква.
Мислам дека ќе биде меѓу најпознатите храмови во овој регион. И како човек и како градоначалник имам должност кон моите граѓани, кон православното население да направиме нешто полезно за Куманово. Ќе се гордееме со овој храм. Ќе продолжам со исто темпо да работам во ова здружение и да го завршиме овој проект. Сега сме во втората фаза кога треба да има столарија и живопис во самата црква - изјави градоначалникот Дамјановски.
Црквата е со површина од 400 метри квадратни, а покривот зафаќа 360 метри квадратни. Овој верски објект се гради со пари обезбедени од самопридонес и донации. Иницијативата за изградбата потекна од “Здружението на коледари - чувари на традицијата“ и кумановската епархија.
Местото е многу посетено и лани имаше многу народ. Тоа се претежно луѓе кои тука живеат во населба Карпош. Овде прослава има со години. Претходно ручек се служеше во подрумот на црквата бидејќи делот нагоре не беше изграден. Од овој рид порано се ваделе камења за изградба на куќи и во времето на бивша Југославија го викаа местово Мечин Камен - раскажуваат постарите жители на населба Карпош.
Внатрешноста на црквата доправа ќе се уредува, а неопходно е да се направи патот за овој верски храм да биде попристапен за верниците.