Градоначалникот подари пакетчиња на децата во болница
26.12.2014 14:58
| KumanovoNews
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска однесе новогодишни пакетчиња на децата, кои се сместени на детското одделение во Општа болница Куманово.

Поделени се триесет и пет пакетчиња. Толку всушност има пациенти во дневната болница. Ова е активност која ја правиме секоја година. Со пакетчиња целосно не сме завршени, во вторник ќе има за вработените во општината„ - рече градоначалникот.
Деновиве се организираат низа активности за одбележување на претстојните празници.