×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градот гo собра родот во Старо Нагоричане

    29.07.2014 12:28 | KumanovoNews

    Врнежите од град, кои во неделата попладне ја зафатија општината Старо Нагоричане, целосно ги уништи пченката, житариците, бостанот, лозјето и зеленчукот во нивите.

    Градот гo собра родот во Старо Нагоричане

    Најголеми штети има во селата по течението на реката Пчиња, како што се Старо Нагоричане, Драгоманце, Војник, Степанце, Стрновац, Добрача, Младо Нагоричане и други. Невремето зад себе остави уништени пластеници, скршени дрвја, паднати бандери, откриени куќи, скршени керамиди,  а оштетен е и далекуводот поради што неколку села се без струја.

    - Советот на општина Старо Нагоричане ќе одржи седница на која ќе се прогласи елементарна непогода. Потоа ќе се формира комисија каде месното население ќе може да ги пријавува штетите настанати од невремето. Информацијата ќе биде испратена до Влада и ќе се чека одобрување на средства за обештетување - изјави градоначалникот Милован Стојковски.

    Во расчистување на паднатите дрвја по патиштата учествуваше Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане.