×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градските фонтани и граѓаните сѐ уште чекаат вода, надлежните тврдат дека некој ги оштетил системите за притисок

    16.06.2020 13:09 | KumanovoNews

    Сред лето градските фонтани во Куманово не работат. Граѓаните се жалат дека во овие денови на повисоки температури не можат да се разладат ниту во центарот на градот, а ниту пак во градскиот кеј на Куманово.

    Градските фонтани и граѓаните сѐ уште чекаат вода, надлежните тврдат дека некој ги оштетил системите за притисок

    Сува е фонтаната кај Центарот за култура, кај Основното училиште „Крсте Мисирков“, како и на градскиот кеј, а фонтаната кај Гимназијата „Гоце Делчев“ е и извадена.

    Директорот на ЈП „Водовод“ во Куманово, Горан Стојковски, вели дека вода на фонтаните нема, затоа што во моментот се работи на поправка на системите на притисок на фонтаните, кои биле искршени пред околу недела дена, кога и биле пуштени.

    „Пуштени беа сите фонтани и на сите е поставен систем на притисок за да се пушта вода, да не тече 24 саати. Десет системи за притисок се искршени од страна на граѓаните за еден ден. Моментално се поправаат. Пуштени се фонтаните кај Олимписка чешма, Батко Ѓорѓија, како и фонтаната кај Соколана без систем на притисок, а ќе биде пуштена и фонтаната кај „Крсте Мисирков“ и кај Центарот на култура во тек на овој ден, ако се поправат“, додава тој.

    Сепак, иако оваа недела дел од фонтаните не функционираа, несовесните граѓани не ја пропуштија можноста да ги искористат како канта за отпадоци.

    ЈП „Водовод“ во Куманово контролира 10 фонтани во централно градско подрачје, фонтаните кај градскиот кеј и градскиот парк се во надлежност на ЈП „Чистота и зелелнило“.

    (Ф.Марковска)