Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар, апелира Кризниот штаб
Граѓаните да не плат стрништа и суви треви, како и да не се фрлаат отпушоци на јавни површини, за да не дојде до појава на пожари, препорача Општинскиот кризен штаб(ОШЗС) на вчерашниот состанок во Општина Куманово.

Исто така, ОШЗС апелира до граѓаните да се воздржат од непотребни движења на отворен простор, како и да информираат за сите забележани пожари на отворени површини и сомнителни движења на лица, на дежурните телефони 193 и 112.
Одделение за информирање и односи со јавност при Општина Куманово, во координација со МВР – СВР Куманово, секојдневно да ги информираат граѓаните преку медиуми, за тековните ситуации на терен, да испраќаат апели до
Состанокот се одржа за да се утврдат мерките и активности кои ќе бидат преземени по големиот број на пожари во текот на вчерашниот ден.
„Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово има интервенирано на гасење на пожари на 13 локации, како и на гасење на опожарено возило при сообраќајна незгода. Интервенција е направена и во соседна општина. На дел од пожарите, интервенирано е и повеќе пати заради реактивирање. Од пожарите, причинета е материјална штета и на објекти и на површина со вегетација“, .