×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грижа и дополнителна мотивација: „Флекс Кредит“ награди 20 вработени со ваучер за летен одмор

    08.08.2024 10:01 | KumanovoNews

    Вкупно 20 вработени од „Флекс кредит“ добија награда - вредносен ваучер за летно патување како признание за нивниот извонреден труд и посветеноста кон работата. 

    Грижа и дополнителна мотивација: „Флекс Кредит“ награди 20 вработени со ваучер за летен одмор

     Компанијата со ова ја докажува уште еднаш својата стратешка определба - посветеноста кон своите вработени. Признанието се доделува по одржан тримесечен интерен натпревар во кој беа вклучени  одделите  од  трговската структура, контакт секторот и секторот за наплата. 

    Со овој натпревар уште еднаш беше докажана грижата на компанијата за вработените но учеството на сите луѓе кои се вклучени во растот на компанијата значеше и дополнителен поттик за нивната мотивација. Токму затоа и критериумите за победа беа повеќе поттикнувачки, па се оценуваа квалитетот на услугите, ефикасноста во работата, тимската работа но и исполнувањето на зададените цели.  

     „Нашите вработени се срцето на Флекс Кредит, и нивната посветеност и напорна работа се клучни за нашиот успех. Затоа, одлучивме да ги наградиме најдобрите меѓу нив со патување за летен одмор, како знак на нашата благодарност и признание за нивните достигнувања“, изјави Јоана Спасовска генерален директор на Флекс Кредит, и додаде: „Ова патување е мал дел од нашиот напор да создадеме позитивна работна средина и да ги мотивираме нашите вработени да продолжат да постигнуваат извонредни резултати.“ 

    „Флекс Кредит“ постојано вложува во развојот и благосостојбата на своите вработени, организирајќи различни иницијативи и програми за поттикнување на професионалниот и личниот развој. Овој натпревар и наградата се само еден пример за ангажманот на компанијата во поддршката на своите тимови. 

    Компанијата верува дека мотивираните и задоволни вработени се основа за обезбедување на врвна услуга и задоволство на клиентите. Вредносниот ваучер е од туристичката агенција „Импала“, а во иднина „Флекс Кредит“ ќе продолжи со иницијативи кои го унапредуваат и поддржуваат професионалниот раст и развој на своите вработени, со цел да ја одржи својата лидерска позиција во индустријата и да обезбеди најдобра услуга за своите клиенти. 

    (ПР текст)