×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГРОМ:Не се исплатени дневниците на сите членови на избирачките одбори

    11.02.2016 12:49 | KumanovoNews

    Од општинската организација на ГРОМ Куманово, денеска на прес-конференција ја обвинија општина, дека сè уште не ги исплатила дневниците на сите членови на избирачките одбори од последните избори и дека се плаќа најскап превоз за учениците.

    ГРОМ:Не се исплатени дневниците на сите членови на избирачките одбори

    Ја повикуваат општината што побрзо да си ја заврши оваа обврска.

    Сакаме да потсетиме дека во нашата општина сè уште постои еден додатен проблем за тоа овие избори да бидат фер и демократски. Имено, до ден денес општина Куманово е единствена општина во Република Македонија, која сè уште ги нема исплатено дневниците на сите членови на избирачките одбори, коишто ги спроведоа претходните локални избори. Затоа, ја повикуваме локалната власт во најкус можен рок да ја подмири оваа своја обврска и на тој начин да даде вистински придонес во процесот на креирање на фер и демократска атмосфера пред да се случат најавените предвремени парламентарни избори - изјави Драги Караџински, советник од ГРОМ во Советот на општина Куманово.

    Тој побара одговор и за информациите дека за превоз на ученици, дневно се плаќа по 80 денари за одење и враќање по ученик, и ако е така рече дека тоа е невидено расипништво.

     Станува збор за едно неверојатно расипништво ако се потврди дека во нашата општина за еден ученик е исплаќано околу 234 евра на годишно ниво што изнесува околу 80 денари за одење и враќање од училиште за еден ден. Во таа смисла сме подготвени, и покрај фактот што сме опозиција во Советот, да дадеме поддршка да бидат расветлени сите прашања кои произлегуваат околу оваа работа,- рече Караџински.