ГРОМ организира крводарителска акција
21.01.2015 09:20
| KumanovoNews
Членови и симпатизери на ГРОМ, утре ќе даруваат крв во партиските простории на улица „Моша Пијаде“.
Крводарителската акција ќе трае од 11 до 16 часот и се очекува да бидат собрани околу 30 единици крв. Крводарителската акција е традиционална и се организира во соработка со Црвен Крст Куманово.








