Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ГРОМ денеска на прес - конференција се правдаа дека на последната седница на совет гласале за завршната сметка на Општина Куманово во интерес на граѓаните, иако не ја поддржуваат работата на коалицијата на СДСМ и ДУИ.
Доколку завршната сметка не беше изгласана општината ќе го пречекореше законскиот рок и ќе се соочеше со нови финансиски блокади кои секако ќе доведеа да безизлезна состојба. Ќе одевме по улици во потполн мрак, ниту едно барање на граѓаните немаше да биде разгледано, а камоли решавано. Вработените во општината и јавните претпријатија кои зависат од општината ќе останеа без плата. Доколку завршната сметка не беше изгласана ќе се продуцираше длабока финансиска и политичка криза која во време на избори може да послужби за сериозни, неоправдани цели - изјави Драги Караџински, советник од ГРОМ.
Караџински објасни дека ваквото нивно гласање не треба да се сфати како коалицирање со СДСМ или ВМРО - ДПМНЕ, бидејќи тие се избрани од народот и работат за да ја оправдаат довербата на гласачите. Притоа додаде дека иако коалицијата СДСМ - ДУИ не ги прифаќа нивните предлози во општинскиот совет, тие ги поддржуваат сите програми кои се од општ интерес.