×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Груевски: Кумановци нека мерат по учинок

    21.03.2013 10:11 | KumanovoNews

    Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на голем митинг на Градскиот плоштад во Куманово го претстави кандидатот за градоначалник и членовите на Советот, кои ја бараат подршката на граѓаните на престојните локални избори.

    Груевски: Кумановци нека мерат по учинок

    На граѓаните им се обрати премиерот Никола Груевски, кој им порача на кумановци да ги ценат кандидатите по учинок, по она што е сработено, а не по она што е ветено.

     Кај Куманово го изградивме автопатот, ја опремивме градската болница, основавме факултет за бизнис и можевме многу повеќе доколку вашиот досегашен градоначалник ги искористеше сите пари што ги понуди владата, а од него добивте само во долгови заглавени јавни претпријатија и недовршени проекти. Никогаш не сме ви ветиле дека ќе ги решиме сите проблеми.Тој што ви ветува тоа, знајте дека ве лаже. Македонија има толку многу проблеми што навистина не е можно да се решат сите во еден или два мандата. Внимавајте на оние луѓе кои одмерено, чесно, работат посветено, имаат искрен однос кон работата и излегуваат со отчет, прецизна програма и создаваат дела - изјави лидерот Груевски.

    Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски ги образложи проектите што ги понуди на граѓаните. При тоа нагласи дека е време по 22 години во Куманово да дојде до промена на локалната власт.

    Јас сум човек кој сите добро го познавате, влегувам во оваа битка со чисто срце, со чиста мисла и без валкани раце, без никакви афери. Ме знаете како човек кој ветува само она што може да го исполни и остава делата да зборуваат за него. Влегувам во оваа битка зошто чувствувам дека на градот и граѓаните им е доста. Ќе отвориме нови работни места и ќе работиме на решавање на проблемите со водоснабдувањето бидејќи ќе имаме траен бенефит од проектите. Ќе се формира индустиска зона, планирана е изградба на три спортски сали, три градинки. Целосно ќе се реконструира градскиот стадион, а ќе се изгради и нова автобуска станица, нов зелен пазар во населбата Гоце Делчев. Ќе работиме на изградба на нови водоводни и канализациони системи, ќе се градат три кружни тека, а ќе се воведе ред во сферата на урбанизмот и сообраќајниот хаос, нагласи Ѓорѓиевски.

     На митингот зборуваа пратениците Владанка Авировиќ, Амди Бајрам, Иван Стоилковиќ и носителот на листата Драган Петковски. Митингот заврши со спектакуларен огномет.