Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 300 барања за пасоши дневно се поднесувале во Оддлението за управни работи во Куманово, минатата недела.
Граѓаните вознемирени од вооружените дејствија во градот побрзале да обезбедат патни исправи за случај да треба да ја напуштат земјата. Состојбата се нормализира изминатите неколку денови и повеќе нема метеж на шалтерите во полицијата.
За разлика од сега, во периодот од 11 до 15 –ти мај, веројатно заради настанатата ситуација во населбата Тоде Мендол, бројот на подносителите на барањата за издавање пасош беше зголемен за четири пати. За да не се прави метеж во полицијата и да не се одолговлекува постапката, во посочениот период, за сликање за патна исправа беа ставени во функција трите базни станици во полицијата и на наша иницијатија се работеше двосменски,- информира Драган Анѓеловиќ., раководителот на Одделот за Управни работи во СВР Куманово.
Од трафиката пред полицијата велат дека минатиот вторник продале дури 330 барања за патна исправа. Од почетокот на неделата работата на службите за издавање на патна исправа постепено се нормализира, бидејќи од 70 до 80 граѓани дневно поднесуваат барања.