×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хепенинг за Денот на Европа

    08.05.2014 07:29 | KumanovoNews

    По повод 9 Мај - Денот на победата на фашизмот и Денот на Европа, утре локалната самоуправа ќе организира пригодна програма.

    Хепенинг за Денот на Европа

    На Спомен костурница во 11 часот делегации ќе положат свежо цвеќе, ќе настапи Градска музика и ќе се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.

    На Градскиот плоштад во 12 часот ќе има хепенинг на кој ќе бидат презентирани активностите на граѓанскиот сектор, ќе има ликовна колонија, ќе бидат претставени повеќе држави и со неколку точки ќе настапат основци и средношколци.

    За првпат на овој празник Инфо Точката на Општина Куманово ќе организира музички хепенинг  „ Европска ноќ “ кој ќе се одржи во 21 часот во  „ Касапски Круг “ и на кој настапат: Мартинијан Кириловски, Марија Петрушевска,  Миа Мицевска, Сандра Ивановска, Мартина Денковска и бендовите „ Но нејм, нон сенсе “ и „Анплаџет машинс “.

    Оваа година 9 Мај се одбележува во знакот на 10 годишнината од најголемото проширување на Европската Унија.