Хигиеничар паднал од скала сечејќи дрво
Ѓ.Т.(55) од село Младо Нагоричане, вработен како хигиеничар во авто-транспортното претпријатие „Југ-Турист“ вчера претпладне паднал од скала додека сечел гранки од дрва во кругот на автобуската станица во Куманово.
Несреќата се случила околу 10 часот, кога работникот се поткачил на дрвена скала и со рачна пила почнал да ја сече гранката. Во еден момент изгубил рамнотежа и паднал при што се здобил со сериозни повреди по телото.
Веднаш бил пренесен на хируршкото одделение во Општа болница Куманово каде е задржан на понатамошно лекување.
Случајот во полиција го пријавила дежурната медицинска сестра. Увид на лице место извршил инспектор за заштита и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.