Хируршката амбуланта се сели во Ургентен центар
Хирушката амбуланта е преселена во Ургентниот центар во Општа болница Куманово.

Директорот на Општа болница Куманово, Ариф Љатифи вели дека во Ургентниот центар има подобри просторни услови и со тоа ќе понудат поквалитетни здравствени услуги на пациентите.
Овие се модерни простории и нашите лекари и нашите простории ќе имаат бенефит од ова. Како прво простории и 24 часа обезбедување. Имаме рентген апарат кој е сместен тука блиску, имаме ехо, амбуланта за итни состојби, а кат над нас е одделението за реанимација. Со ова што го направивме денеска мислам дека се реши еден од најголемите проблеми што го имавме“-изјави директорот.
Началникот на хируршкото одделение, Методија Димковски вели дека во подрумот каде досега работеа имало влага, немало вентилација и работеле во лоши услови.
Имаме поголема квадратура, подобар распоред, услови за работа. Во комшии ни е рентген, нема да се туркаат пациенти по двор како сега. Очекуваме и една лабараторија спроти нас да има така што пациентот од момент на доаѓање ќе биде под надстрешница, за 10 метри влегува во амбуланта ургентна, за 10 метри на рентген. Кога ќе се догради новиот хируршки блок ќе биде ова прекрасна единица за нашите граѓани - рече Димковски.
Тој додава дека дневно примаат околу 100 пациенти на хирургија.