„Христијан Карпош“ ќе одбележи 72 години од загинување на патронот
04.02.2016 11:13
| KumanovoNews
Основното училиште „Христијан Карпош“ утре ќе одбележи 72 години од загинувањето на патронот, народниот херој Христијан Т.Карпош и 57 години од постоење на училиштето.

По тој повод во холот ќе има видео проекција која е насловена „Ајде да снимаме филм“ и ќе има богата програма. Во понеделник остануваат уште активности за одбележување на патрониот празник, како и положување на цвеќе пред бистата во дворот на училиштето.
Празнувањето на патронатото оваа година ќе биде малку поразлично од претходните години.