Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата од основното училиште „Христијан Карпош„ е прва на регионалниот натпревар „Детски семафор„ , кој денеска се одржа во основното училиште “Браќа Рибар“ во село Табановце.
Второто место го освои екипата на „Браќа Миладиновци„, а трето екипата од „Браќа Рибар„. Победниците од „Христијан Карпош„ ќе учествуваат на државниот натпревар, кој годинава ќе се одржи на 31 мај во Скопје. Од средните училишта најдобри беа гимназијалците од „Гоце Делчев„, второто место го освои екипата на „Наце Буѓони„, а трети беа „Перо Наков„
„Натпреварите и за едната и за другата категорија се одржуваат во два дела, полагање на тестови и вешто возење на велосипеди и вешто возење на велосипеди со помошен мотор. Оценувањето на тестовите и на практичниот дел од испитот ги спроведува, односно ги надгледува професионална комисија од сообраќајно-испитниот центар од Куманово„- изјави Виолета Богдановска од отсекот за превенција при СВР Куманово.
Манифестацијата “Детски семафор“ која се одржува повеќе од педесет години, ја организираат СВР Куманово и општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.