Христијаните го празнуваат Божиќ
Вчера и денеска е вториот ден од големиот христијански празник Божиќ.

Божиќ е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Со поздравот „Христос се роди – навистина се роди“, верниците си го честитаат денот на Христовото раѓање. Во црквите верниците палат свеќи, се молат за здравје и бериќет и ја споделуваат веста за тоа кому му се паднала паричката. Придржувајќи се до традицијата и обичаите, по 40 дневен пост, верниците празнуваат покрај богата мрсна трпеза.
Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово, покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“
Вчера во црквата „Свети Никола“ во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф отслужи света Златоустова литургија, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.