Христос се роди! Вистина се роди!
07.01.2010 10:16
| KumanovoNews
Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање - Божик, еден од најголемите и најрадосни празници.

Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија. Традиционално граѓаните слават со богата бадикова трпеза и си го честитаа празникот со зборовите: Христос се роди! Вистина се роди!