Хуманитарен собир за помош на Ивана Величковска
На градскиот плоштад вечерва во организација на Црвен Крст ќе се оддржи хуманитарен собир за помош на Ивана Величковска, која боледува од леукемија.

- Ќе настапи штипска група од 20 до 22 часот, ќе се продаваат рачно изработени украси, а ќе бидат оставени и кутии за донации. Граѓаните можат да донираат во “Револушн“ и “Помодоро“ каде има касички за донации. Мотото на акцијата е “Хуманоста не познава граници. Донирај за Ивана и подари живот“ - вели Сања Голубовска, координатор на волонтери во Црвен Крст.
23 - годишната Ивана Величковска треба да замине на лекување во Германија за што се потребни 150.000 евра.
Сметка за донацијa е 530500014791778 во Охридска банка.