×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И утре ќе се примаат пријави за Заедница на станари

    30.03.2012 13:19 | KumanovoNews

     Од стапувањето во сила на Законот за домување до сега во Oпштина Куманово регистрирани се само 40 заедници на сопственици на станови, а уште педесетина поднеле барање за започнување на постапка за регистрирање на заедницата.

    И утре ќе се примаат пријави за Заедница на станари

    До први април истекува рокот кога треба да бидат основани Заедници на сопственици на станбени згради или да се назначат управители кои имаат лиценца за вршење на дејноста со управување со зграда.

    Како што информираат од Централниот регистар Куманово, деновиве, пред истекување на рокот, голем е интересот на граѓаните за регистрација на заедницата.

    Утре е последниот ден за пријавување и ние сме пребукирани од граѓаните кои се заинтересирани за ги формираат заедниците. Сите кои досега не поднеле пријава тоа можат да го сторат и утре, а сите потребни образци, теркови и урнеци, како да пополнат, и кои документи се потребни да се достават кон пријавата, објавени се на нашата интернет страна www.crm.gov.mк. Ова е правен и европски начин да се уредат меѓусебните права и обврски на станарите во стамбените згради. Во процедура се педесетина пријави, кои во текот на наредната недела ќе бидат формализирани согласно законската - вели  Игор Божиновски, раководител во Централниот регистар Куманово.  

    За да се излезе во пресрет на граѓаните, службите на Централниот регистар ќе работат и утре од 8.30 до 16.30 часот и ќе ги примаат пријавите на граѓаните.

    Доколку до овој рок станарите не определат управител или не регистрираат заедница на станари тогаш на барање на овластениот инспектор ќе биде определен управител од страна на судот во вонпарнична постапка.

    За непочитување на одредбите од Законот се пропишани глоби во износ од 300 до 800 евра во денарска противвредност.