×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Играчки и сликовници за Детското одделение во Кумановската болница донираа граѓаните

    14.11.2022 11:47 | Оливера Пешевска

    Играчки, сликовници, боенки, боички, едукативни игри и се она што може да биде забавно и интересно на дечињата - пациенти на Детското одделение во Општа болница Куманово, беа донирани на хуманитарната акција што вчера се одржа на Градскиот плоштад во Куманово.

    Играчки и сликовници за Детското одделение во Кумановската болница донираа граѓаните

    Иницијатор на акцијата е младата мајка Ивана Максимовска, која забележала дека во болницата недостасуваат нешта што би можеле да ги анимираат и забават дечињата додека примаат инфузија во дневната амбуланта или додека лежат во болница.

    „Медицинската сестра ми даде ракавица, која ја дувавме и ја користевме како мало балонче за да седи ќерка ми мирна додека да истече инфузијата. Тоа ме поттикна да ја организирам акцијата“, вели Максимовска.

    Нејзиниот предлог наишол на одобрување и разбирање на одговорните, началничката на одделението д-р Ферихан Бајрами, главната сестра Валентина Стојмировиќ, а деталите се прецизирани и договорени со директорката на болницата Снежана Захариева.

    Големиот одзив на граѓаните покажа дека тие се подготвени на помогнат и да донираат предмети кои веќе не се потребни или не се користени во нивните семејства, но и да купат нови. На акцијата беа собрани и финансиски средства, кои не се доволни за планираното подновување на одделението со креветчиње, душеци, постелнини.

    Најавената финансиска помош од страна на поголемите правни субјекти целосно изостана иако била ветена. Свои донации дадоа само детскиот логопед „Логолино“, книжарницата „Глобус“ и продавницата за детски играчки Детска куќа „Картун нетворк“.

    Најинтересни беа рачно изработените новогодишни украси од гипс на две учителки од ООУ „11 Октомври“ - Славица Стојановиќ и Дејана Алексовка, кои  ги изработиле заедно со своите учениците.

    „Учениците многу се израдуваа и сами бараа да останат по часовите за да учествуваат во изработката и да им подарат на другарчињата нешто што ќе ги развесели и ќе го разубави престојот во болница за време на празниците“, истакнаа учителките, кои ветија дека ќе изработат и велигденски украси на пролет.

    Еден од донаторите раскажа дека пред 3-4 месеци во болницата донирал топломер, па сега повторно со драго срце се приклучил на акцијата.

    Собраните донации ќе бидат доставени до Детското одделение во текот на седницата. Не е исклучено дека хуманитарните акции ќе продолжат и во иднина.