Им отишле пред куќа да се караат ги истепале со стап
10.08.2016 14:02
| KumanovoNews
Двајца кумановци заработиа кривични пријави поради насилство затоа што претепале тројца жители на Младо Нагоричане.
Тепачката се случила завчера околу 14,00 часот, кога Т.Д. (35), Л.Д. (39) и Б.Д.(43) сите од с. Младо Нагоричане дошле пред куќата на Б.Т.(49) и Д.Т.(25), татко и син, и почнале да се распраат. Тогаш таткото физички го нападнал Л.Д, а потоа го удрил и Б.Д. во пределот на главата. Настанала масовна тепачка во која се вклучил и синот кој со дрвен предмет започнал да ги удира оштетените нанесувајќи им телесни повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. и Д.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

